Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кризата удри и по преседателските балови за инаугурацијата на Обама

Кризата удри и по преседателските балови за инаугурацијата на Обама
Инаугурацијата на претседателот Барак Обама во Вашингтон граѓаните на Америка ја очекуваат со нетрпение. Според најавите на 21 јануари ќе се соберат меѓу 600.000 и 800.000 луѓе за да ја проследат втората инаугурација на Обама. Сепак во однос на првата инагурација, интересот е значително намален. Имено во 2009 година, кога над еден и пол милион луѓе присуствуваа на историската прва инаугурација на афроамериканец за претседател на САД. Свечениот момент на давањето на заклетвата ќе почне во 12 часот. А се предвидени и собири и секако популарните претседателски балови кои годинава тешката економска состојба во земјата ги секна и од традиционалните 10 ќе се одржат само два. Сепак, намалувањето на бројот на балови ќе се надомести со нивната грандиозност, па така централниот, инаугуралниот бал ќе се организира во дури пет хали на Конвенцискиот центар во Вашингтон кој собира над 35.000 лица.
Слично

Поврзани вести