Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кризата тлее, Французите сериозно загрижени за својот стандард

Кризата тлее, Французите сериозно загрижени за својот стандард

Околу 79 проценти од Французите сметаат дека нивната куповна моќ лани била намалена. 77% пак се песимисти и веруваат дека годинава стандардот дополнително ќе се влошува, покажува најновото истражување спроведено од националниот Институт за потрошувачка.

Куповната моќ во Франција во 2012 година е намалена за првпат во три децении. Поради лошите прогнози за годинава, Французите се подготвени дополнително да ги намалат трошоците.

Како причина за намалената куповна моќ, испитаниците го наведуваат зголемувањето на даноците, растот на цената на електричната енергија и цените за широка потрошувачка и горивата. Една четвртина од Французите изјавиле дека тешко врзувуваат крај со крај, а од нив 48 проценти заработуваат под 1.400 евра месечно.

Слично

Поврзани вести