КРИЗАТА СО „ФОЛКСВАГЕН“ се шири: И „Сеат“ продал 700 000 возила со проблематичен софтевер
Околу 700 000 возила од марката Сеат се продадени во светот со софтвер кој ги „наместува“ резултатите при контрола на издувни гасови, изјавил денеска портпаролот на таа компанија.
Тој додал дека се утврдува кои се моделите на автомобил од марката Сеат со мотор ES189 во прашање, како и точниот број на возила кои се продадени во Шпанија.
Сеат ја запре продажбата и испорака на автомобили со дизел мотори EA 189 и планира да покрене сај на кој ќе одговара на прашања на клиентите.
Сеат е од 1980 во сопственост на Фолксваген групацијата која признала дека употребувала посебен софтвер за мерење на издувните гасови на дизел мотори во САД.
Според податоците на Фолксваген, 11 милиони возила од таа група го имаат тој софтвер.
Слично
