Кризата ја уништи продажбата на книги и весници во Шпанија
Откако букна економската криза во Шпанија, паѓа продажбата на книги и весници. Само во последните четири години продажбата на книги во Шпанија се намалила за 20 проценти иако според анкетите на издавачите за 63% пораснал бројот на лица кои читаат книги.
Продажбата на книги на саемите за книги бележи пад од 19 проценти годинава во однос на лани, а преку интернет дури до 32 отсто.
Претставниците на издавачките куќи оценуват дека треба да се забрани онлајн читањето и преземањето книги од интернет. Сите шпански весници и некои списанија изгубиле до десет проценти од своите читатели.
Слично
