КРИЗА ЗА КАФЕ: По Бразил, сега проблеми има и во Виетнам
Во Виетнам има локдаун и затоа се појавија проблеми со глобалното снабдување со кафе.
Локдаунот кој долго трае во најголемиот виетнамски град Хо Ши Мин може да зададе нов удар на и онака намаленото светско снабдување со кафе, пишуваат британските медиуми. Виетнам е голем извозник на робуста, сорта кафе кое се користи за производство на инстант кафе и некои мешавини за еспресо. Големопродажните цени на робустата во зрно оваа година скокнале за околу 50 отсто. Оваа година и во Бразил има проблеми со производството на кафе, поради неповолните временски услови. Тие се соочија со суша, но и со ниски температури.
Слично
