Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРИЗА ВО ЕРУСАЛИМ: Со став излегоа Турција, Франција, Северна Кореја

КРИЗА ВО ЕРУСАЛИМ: Со став излегоа Турција, Франција, Северна Кореја

Кризата за Ерусалим се продлабочува и веќе има вистинска улична војна на палестинските територии окупирани од Израел, со жртви и десетици повредени. 

Турското Министерство за надворешни работи ја осуди израелската прекумерна и непропорционална употреба на сила против Палестиците кои протестираат против американската одлука да се признае Ерусалим како главен град на Израел.

Турското МНР изрази голема тага и загриженост поради убиството на четири лица, а стотина се повредени при интервенцијата на израелските сили за безбедност за време на палестинските демонстрации на „заробената земја“.

Во соопштението се наведува дека одлуката на САД е спротивна на меѓународното право и резолуцијата на ОН за статусот на Ерусалим. Турција ја осуди одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп нарекувајќи ја „црвена линија“ и свика вонредна седница на Организацијата за исламска сработа во среда.

Во телефонски разговор денеска претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Франција, Емануел Макрон се договориле со заеднички напори да ги убедат САД да ја променат одлуката за признавање на Ерусалим за главен град на Израел.

Американскиот претседател Доналд Трамп е „умоболен“ и „сенилен“, тврдат властите во Северна Кореја за одлуката да го признае Ерусалим за главен град на Израел.

„Со оглед на тоа дека умоболен и сенилен човек отворено повикува во ОН за целосно уништување на една суверена држава, овој чекор не е толку изненадувачки. Оваа иницијатива, сепак јасно покажува на целиот свет кој е уништувачот на светскиот мир и безбедност, кој е отпадникот и разбојникот во меѓународната заедница“ - изјави портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи.

Северна Кореја ја осудува одлуката на САД за Ерусалим и изразува цврста поддршка и солидарност со палестинскиот и арапскиот народ во нивната борба за легитимни права.

Портпаролот на севернокорејското министерство за надворешни работи додаде дека САД ќе бидат сметани за одговорни за сите последици од тоа опасно и „ѓаволско дејство“.

Слично

Поврзани вести