КРИВИЧНА ЗА ЖЕНА ОД СТРУГА: Ги оставала децата да спијат во автомобил додека била на работа
Жена од Струга ги оставила децата да спијат во автомобил додека била на работа, за што полицијата против неа поднесе кривична пријава.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.С.(42) од струшко село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“ по чл.201, став 1 од Кривичниот законик.
Пријавената, во вечерните часови на 08/09 јуни 2026 година, ги оставала своите две малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа.
Во координација со јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното возило на земјен паркинг на улицата „Владо Малески“ во Струга ги затекнале децата како спијат.
Слично
