Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРИТИКИ ЗА МЕРКЕЛ: Шулц вели изгубила врска со реалноста

КРИТИКИ ЗА МЕРКЕЛ: Шулц вели изгубила врска со реалноста

Лидерот на германските социјалдемократи,  Мартин Шулц и главен ривал на канцеларката  Ангела Меркел, изјави дека германската канцеларка ја загубила врската со реалноста. 

Шулц ја обвини  дека за време на кампањата користи воени, полициски хеликоптери и други државни средства на партиските собири. 

„Таа ја злоупотребува својата функција и тера кампања на државна сметка“- вели Шулц, кој следната недела ќе се соочи со канцеларката на ТВ дебата. 

Изборите ќе се одржат на 24-ти септември, а анкетите покажуваат значителна предност за лидерката на конзервативците. Партијата на Меркел има 38%, во однос на 23% на социјалдемократите на Шулц. 

Меркел во најновото интервју ја бранеше својата бегалска политика од последните години. Таа рече дека и денес исто би постапила, но истовремено заговара драстично намалување на бројот на бегалци во Европа за што е важна соработката со Либија.

Меркел во понеделник со претседателите на државите и владите на Франција, Италија и Шпанија во Версај ќе учествува на самит на Европската Унија за бегалците.

Слично

Поврзани вести