КРИТИКИ ЗА БРИЖИТ МАКРОН: И таа не го испочитувала кодексот за облекување на погребот на папата
Сопругата на францускиот претседател, Емануел Макрон, Брижит Макрон предизвика критики откако вчера не го испочитува пропишаниот кодекс на облекување на погребот на папата Франциск во Ватикан.
Брижит му се придружи на својот сопруг, Емануел Макрон, како и на светските лидери и свештеници на плоштадот „Свети Петар“, каде што се одржа погребот на папата Франциск.
Додека од мажите на погребот било побарано да носат темно одело со долга црна вратоврска и бела кошула, на жените им била понудена опција да носат скромен црн фустан до колена или формален црн костум.
Жените морале да носат црн шал, марама или превез – како што тоа го направија Меланија Трамп, кралицата Летиција од Шпанија, поранешната прва дама на САД Џил Бајден и принцезата Мете-Марит од Норвешка.
Сепак, Бриџит и покрај пропишаниот кодекс на облекување, одлучи да не ја покрие главата.
Слично на тоа, ниту сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олена Зеленска, ниту италијанската премиерка Џорџа Мелони, кој носеше црно одело, не носеа црни превези за време на службата во базиликата „Свети Петар“.И други политичари не го испочитуваа кодексот.
Фото: EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI
