Критично на истокот од Украина: Гранати усмртиле 10 лица!
Најмалку десетина лица загинаа во текот на последните 24 часа на истокот од Украина, соопштија претставници на украински и проруски сили. Украински претставници ја објавија смртта на двајца војници и тројца цивили, додека командантот на проруските сили соопштил дека, ширум зоната на судири во последните борби, се убиени пет цивили, пренесе АФП.
Агенцијата АП наведува дека во борбите загинале девет лица, а портпаролот на проруските сили, објавил дека пет лица се убиени во текот на ноќта во гранатирање, додека украински претставници ја пријавиле смртта на двајца цивили, на другата страна.
Украинскиот Совет за безбедност и одбрана исто така соопштил дека во текот на ноќта се убиени двајца војници, додека шест се повредени.
Репортерот на агенцијата АП во Доњецк тврди дека во последните неколку дена видел вооружувања, додека гранатни пукања повремено се слушаат.
Во меѓувреме, Министерството за одбрана на ДНР соопшти дека украинските вооружени сили, во текот на последните 24 часа, исфрлиле 10009 гранати на таа територија, како и дека кршење на примирјето е забележано 77 пати.
