КРИТИЧНИ И ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ: Црниот биланс од нападот во Москва може да расте
Црниот биланс од масакрот кој во петокот се случи во Москва може да порасне.
„Девет лица повредени во терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ во Москва се во критична состојба, меѓу кои едно дете, а 29 пациенти се во тешка состојба“, изјави руската вицепремиерка Татјана Голикова.
Голикова ова го изјави на состанокот со кој претседаваше претседателот Владимир Путин.
Шефот на рускиот истражен комитет Александар Бастрикин објави дека бројот на жртвите е 139, а бројот на повредени во нападот е непроменет - 182.
Исламска држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во петокот вечерта во концертната сала „Крокус сити хол“ во предградието на рускиот главен град. Но, Русија ја обвинува Украина за нападот. Сепак, ИСИС се закани дека ќе изврши и други напади.
