Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кристин Лагард пред суд за грешка вредна 400 милиони евра

Кристин Лагард пред суд за грешка вредна 400 милиони евра
Кристин Лагард, актуелната директорка на Меѓународниот монетарен фонд, на 12 декември ќе треба да се појави на судење во Франција како осомничена за скандалот со бизнисменот Тапи од 2008-та. Лагард како министерка за финансии на Франција од тој период дозволила државата да биде оштетена и на бизнисменот Тапи надвор од судски процес да му биде дозволен надомест од 400 милиони евра. Тој ја тужел државата која не го заштитила при продажбата на неговиот удел во Адидас при што банката која го вршела договорот наводно ги проневерила неговите средства. Лагард ќе се појави пред специјален суд формиран за криминал сторен од министри на Француската република.
Слично

Поврзани вести