Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кристин Лагард: Дефлацијата е закана за светскиот просперитет

Кристин Лагард: Дефлацијата е закана за светскиот просперитет
Кога во 2008 година Кристин Лагард пристигна во Давос како министер за финансии на Франција , битката со финансиската криза ,допрва започнуваше, пишува Bloomberg . Шест години подоцна - како шеф на Меѓународниот монетарен фонд , таа ги предупреди учесниците на Светскиот економски форум ( ВЕФ ) , дека битката всушност не е завршена. Таа ги повика политичарите да бидат подготвени  за формирање на балони кај средствата и да спречат опасност за просперитетот - дефлацијата . Стравувањата на Лагард се легитимни , бидејќи таа беше сведок како американскиот хипотекарен  колапс се рашири врз банките , меѓу кои и француската BNP Paribas . На позадината на оптимизмот кој гостите на СЕФ го емитуваа минатата недела , Лагард предупреди дека напредокот е неурамнотежен , со уште " масовна невработеност " низ целиот свет , иако некои пазари изгледаат "атрактивни" . "Во случај на шок , што е нешто што треба да го имаме на ум ,  дефинитивно имаме ризик од дефлација ", изјави Лагард на 23 јануари во Давос . "Она што научивме од кризата , е дека треба да бидеме исклучително внимателни и да очекуваме балоните  да се надуваат од места за кои дури не сомневаме . "Кризата се уште се врти наоколу, но оптимизмот се чувствува", вели таа. "Главен приоритет за политичарите во 2014 година е да се поддржи глобалното закрепнување и да го направат одржлив." Неколку дена подоцна ММФ ја зголеми прогнозата за глобалниот економски раст за 2014 година - за првпат откако Лагард е на чело на финансиската институција. Корекцијата сепак беше минимална - до 3,7% во однос на оценката од 3,6 отсто, дадена во октомври. Според  Лагард долготрајната ниска инфлација може да има "негативен одраз што се однесува до цената на долгот и како целина - должничкото оптоварување", како за државите, така и за компаниите. Пазарите во развој се ранливи, откако развиените земји почнаа да ги зауздуват паричните стимулации, истакна уште Лагард. 200 милиони луѓе низ целиот свет немаат работа. Нееднаквоста беше исто така меѓу темите  кои шефот на ММФ ги истакна. Ножицата во приходите на сиромашните и богатите "се прошири во сите положби". "Колку нерамно е општеството и колку поголема е варијацијата меѓубогадите  и сиромашните, толку по слаб ќе биде одржливиот раст", истакна уште Лагард пред светската елита.   K.K.
Слично

Поврзани вести