Кристијано Роналдо во нов мега скандал со затајување данок - Ќе заврши ли в затвор
Кристијано Роналдо, главниот фудбалски немесис на Лионел Меси од конкуретната Барселона покрај игрите на теренот може да го следи и во практиката на затајување данок, па новата истрага која се води против него може да му донесе потенцијално голема парична казна или пак одлежување на затворска казна.
Шпански „Ел Конфеденсиал“ открива дека Кристијано Роналдо го користел даночниот систем во Ирска, за да заработи поголема сума на пари од договорите со своите спонзори со тоа што ќе плати помали даноци кои изнесуваат 12.5% или двојно помалку отколку во Шпанија.
Роналдо со ирската компанија наводно имал договор за застапување на неговиот бренд и преку неа ги собирал приходите за одреден надомест. Доколку се докаже дека Роналдо соработувал и затајувал данок со помош на ирската компанија, тој би можел и кривично да одговара за делото за кое е предвидена и затворска казна.
