Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кримскиот Парламент ја избра Русија

Кримскиот Парламент ја избра Русија
Парламентот на Крим едногласно донел првична одлука за припојување на овој досега украински регион кон Русија. Одлуката ќе треба да ја потврдат и граѓаните на Кримскиот Полуостров кои за ова ќе се изјаснат на референдумот закажан за 16 март. Новите власти во Киев не ги признаваат одлуките на институциите во Крим, а за дел од про-руските лидери на Полуостровот е издаден и налог за апсење. Премиерот на Крим, Сергеј Аксионов, изјави дека околу 11 илјади војници за самоодбрана на Крим се распоредени на полуостровот и ја контролираат ситуацијата. Вооружени лица на Крим вчера најпрвин насилно го задржаа, а потоа го избркаа специјалниот претставник на ОН на Крим Роберт Сери, извикувајќи дека „Крим е Русија“. Ова е видеото од тој инцидент: http://www.youtube.com/watch?v=v0Ln7lCIkZg
Слично

Поврзани вести