Криминална банда си направилa лабораторија за марихуана
Седум лица, меѓу кои и еден малолетник се упсени во вчерашната акција на албанската полиција, во која беа запленети 700 килограми марихуана.
Албанската полиција во градот Драч пронашла цела лабораторија, каде приведените ја преработувале и пакувале марихуаната.
– Станува збор за организирана криминална група, која марихуната ја набавувала во Тирана и Скадар, ја преработувала во Драч а потоа ја шверцувала надвор од земјата, главно во Италија, се наведува во полициското соопштение.
Меѓу приведените има и тројца бизнисмени и еден малолетник.
Претходно албанската полиција соопшти дека во јужниот дел на земјата запленила 3,2 тони дрога марихуана – канабис сатива. Марихуаната била запленета во планината Курвелеш во близина на градот Ѓирокастро.
