Крим – подарокот кој „покажа заби“
Украина во 1954 година го доби полуостровот Крим на подарок од тогашниот руски претседател Никита Хрушчов, но деновиве тој подарок „покажува заби“ посебно откако жителите на полуостровот со огромно мнозинство од над 96% одлучија да се отцепат од Украина и да се припојат кон Русија.
Крим станува епицентар на најголемата криза во односите меѓу западните земји и Русија од завршувањето на Студената војна.
Американскиот претседател Барак Обама телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи го дека референдумот бил спроведен под притисок на руската армија и нема никогаш да биде признат од страна на САД или на меѓународната заедница.
„Претседателот подвлече дека руските постапки претставуваат кршење на украинскиот суверенитет и територијален интегритет и дека, во координација со нашите европски партнери, сме подготвени да ја натераме Русија да плати дополнителна цена за своите постапки“, објави Белата куќа.
На 27 февруари 1954 година, руска „Правда“ на првата страница објави дека Президиумот на СССР потпишал Декрет со кој Кримскат Област ја предава во владение на Украинската Социјалистичка Република.
Во Декретот, кој содржел едвај осум реда, се наведувало дека одлуката се носи заради „економски причини, територијална поврзаност, комуникација и културни релации“ меѓу Крим и Украина. Во дискусијата, дел од членовите на Президиумот се изјасниле дека на актот гледаат и како на одбележување на 300-годишнината од здружувањето на Русија и Украина и како потврда за единството на советските народи.
Сепак, историчарите долго време си го поставуваат прашањето - зошто Хрушчов бил толку дарежлив кон Украина, особено ако се знае дека врските на Крим со Киев никогаш не биле силни како оние со Москва?
Според правнуката на Хрушчов, Нина Хрушчова, која предава меѓународни односи во Њујорк, причините можат да се бараат и во Холодомор, периодот на голема глад во Украина, креиран од претходникот на Хрушчов, Јозеф Сталин. Кога ја презел власта, Хрушчов сфатил дека мора да направи нешто за да ја подобри ситуацијата во Украина и да го децентрализира системот.
“Тоа беше на некој начин симболично, обид да се промени дотогашниот централизиранн систем, но, знаете, во исто време, тој навистина беше приврзан за Украина“, вели правнуката на Хрушчов, објаснувајќи дека нејзиниот прадедо како млад работел во украинските рудници, а и неговата сопруга била Украинка.

Слично