Економија, финансии, бизнис

Контакт

Крим ќе биде дел од Русија до крајот на месецот

Крим ќе биде дел од Русија до крајот на месецот
Автономната република ќе стане дел од Руската федерација до крајот на овој месец тврди претседателот на прорускиот регионален Парламент на Крим, Володимир Константинов. Тој призна дека процесот на транзиција е сложен, но изрази надеж дека на легален начин се ќе заврши до крајот на месецов. Константинов вети дека наставниците, лекарите, војниците, полицајците и другите владини службеници ќе добиваат четири пати поголеми плати доколку Крим стане дел од Русија. Во четвртокот кримското раководство одлучи на 16 март да се одржи референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали Крим да се присоедини кон Русија. Новите украински валсти и меѓународната заедница го оценија референдумот за статусот на Крим како „незаконски“.
Слично

Поврзани вести