Крим годинава со 20% повеќе туристи од лани
Податоците за рано букирање за мај и август покажаа дека на Крим ќе престојуваат за 20% повеќе туристи од лани.
Од март 2014 година овој полуостров е во состав на Русија, а оваа година ќе го посетат 6 милиони туристи или 1.1 милиони повеќе од лани. И во текот на март е забележан пораст на бројот на туристи на Крим. Годишно Крим може да прими до 10 милиони туристи.
Во 2015 година Крим имал 4.5 милиони туристи, што е за 25% повеќе од 2014 година.
Туристичкиот сектор во текот на деветте месеци од 2015 година го дополнил буџетот на Крим за 108 милијарди рубаљи или 1,5 милијарда евра. Крим е погоден за зимски одмор, но и за деловен туризам. На Крим е евтино да се организираат семинари и конференции.
Слично
