КРЕВОК МИР: Азербејџан зароби шест ерменски војници
Тензии има меѓу Азербејџан и Ерменија. Азербејџан зароби шест ерменски војници.
Министерство за одбрана на Азербејџан информираше дека ерменските војници се уапсени во азербејџанскиот кварт Калбачар, додека поставувале мини на патот што води кон позициите на азербејџанската армија на границата. Ерменското Министерство за одбрана соопшти дека нивните војници се заробени додека извршувале инженерски работи во пограничната област на ерменскиот регион Гегаркуник.
„Се преземаат неопходните мерки за враќање на заробените војници“, соопшти ерменското Министерство за одбрана.
Неделава двете земји си упатија меѓусебни обвиненија за пукање на границите. Според Ерменците, убиено е едно лице.Конфликтот заврши пред неколку месеци откако двете земји ја завршија шестнеделната војна за регионот Нагорно Карабах. Загинаа најмалку 6.900 луѓе, а Москва посредуваше да се стави крај на воените дејствија. Ерменија бара меѓународната заедница да реагира по најновите настани. Eрменскиот народ не беше задоволен од постигнатиот договор кој доведе до завршување на војната.
