Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кремљ реагираше - еве како Зеленски му посака смрт на Путин...

Кремљ реагираше - еве како Зеленски му посака смрт на Путин...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му посакал смрт на рускиот лидер Владимир Путин во своето обраќање по повод Божиќ.

„Дај боже да умре, секој од нас може тоа да го помисли во себе“, рече Зеленски, осврнувајќи се на рускиот претседател Владимир Путин.

Зеленски, исто така, изрази надеж дека добрината и вистината ќе победат.

„Но, кога се свртуваме кон Бога, се разбира, бараме нешто поголемо. Бараме мир за Украина. Се бориме за него. И се молиме за него. И го заслужуваме“, рече Зеленски.

Претседателот на Украина додаде дека Украинците сакаат секое семејство да живее во хармонија и секое дете да се радува на подароци, насмевки и вера во добрината и чудата.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека божиќното обраќање на украинскиот претседател било „нецивилизирано и горчливо“, што, како што рече, сугерира дека тој е „нестабилна личност“. Русија и Украина скоро четири години се во војна. 

фото Фејсбук/Володимир Зеленски

Слично

Поврзани вести