Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кремљ: Путин во догледно време ќе го посети Донбас

Кремљ: Путин во догледно време ќе го посети Донбас

Рускиот претседател Владимир Путин во догледно време ќе го посети Донбас, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Тоа сигурно ќе се случи во догледна иднина бидејќи Донбас е дел од Руската Федерација“, рече Песков одговарајќи на новинарско прашање.

Путин сè уште не ја посетил областа на источна Украина што ја анектираше на крајот на септември, иако руската војска не го контролира целосно тој дел.

Тоа ќе биде прва посета на Путин откако Украина се соочува со проруски сепаратисти кои беа поддржани од Русија од 2014 година.

Редовната руска армија е во таа област веќе неколку месеци, заедно со борците на паравоената група Вагнер и неколку стотици цивилни резервисти повикани како засилување.


Слично

Поврзани вести