Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРЕМЉ ОБЈАВИ ДЕКРЕТ: Путин го разреши началникот на копнените сили на војската

КРЕМЉ ОБЈАВИ ДЕКРЕТ: Путин го разреши началникот на копнените сили на војската

Претседателот на Русија,  Владимир Путин го разреши началникот на копнените сили на војската, генерал Олег Саљуков. За тоа Кремљ објави декрет. 

Тоа е најновото разрешување на високопрофилна личност од рускиот воен врв во услови на офанзива врз Украина.

Саљуков, 70, сега ќе работи како заменик на поранешниот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој беше разрешен од функцијата лани и беше назначен за секретар на Советот за безбедност. Русија и Украина повеќе од три години се ви војна. 

Инаку, рускиот претседател Владимир Путин не отиде на преговори во Турција иако украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека сакаат да се сретнат. 

Слично

Поврзани вести