КРЕМЉ: Нема крај на мобилизацијата се додека не регрутираме 300 илјади луѓе
Кремљ објави дека рускиот претседател Владимир Путин не планира да ја прекине мобилизацијата додека не се достигне бројката од 300.000 регрути за војната во Украина.
Иако некои региони го завршија процесот на мобилизација, вклучително и главниот град Москва каде што канцелариите за мобилизација се затворени, во некои региони процесот сè уште не е завршен.
„Во моментов нема претседателска одлука за прекин на мобилизацијата“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи: „Процесот на мобилизација завршува, во некои региони веќе е завршен“.
Да потсетиме, Путин на 21 септември најави „делумна мобилизација“ со цел да се регрутираат 300.000 резервисти за војната во Украина. Минатата недела тој најави дека мобилизацијата треба да заврши „во следните две недели“.
Фото: ЕПА/ARKADY BUDNITSKY
