Кремљ навестува кога ќе заврши војната во Украина
Руските власти излегоа со проценка за тоа кога би завршила војната во Украина.
Кремљ денеска соопштија дека, руската „специјална операција“ во Украина, би можела да заврши во „догледна иднина“, бидејќи нејзините цели се постигнуваат и работата ја завршуваат и руската војска и руските мировни преговарачи.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Москва разбира дека некои земји кои се обиделе да заземат балансирана позиција биле подложени на притисок за да вчера гласаат за суспендирање на Русија од Советот за човекови права на ОН.
Генералното собрание на ОН вчера ја суспендираше Русија од Советот поради извештаите за „грубо и систематско кршење и кршење на човековите права“ во Украина, поради што Москва објави дека се повлекува од ова тело.
