Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРЕМЉ ГИ ОБЈАВИ УСЛОВИТЕ ЗА СРЕДБА МЕЃУ ПУТИН И ЗЕЛЕНСКИ - прво ова мора да се случи!

КРЕМЉ ГИ ОБЈАВИ УСЛОВИТЕ ЗА СРЕДБА МЕЃУ ПУТИН И ЗЕЛЕНСКИ - прво ова мора да се случи!

Средба меѓу украинскиот претседател Владимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин е можна доколку делегациите на Украина и Русија постигнат одредени договори, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков во обраќање до медиумите.

- Во врска со можната средба меѓу Зеленски и Путин, сакам да појаснам: таква средба е можна како резултат на работата на делегациите од двете страни, доколку се постигнат одредени договори. Во исто време, ако документите бидат потпишани - за нас е фундаментално важно кој точно ќе ги потпише тие договори од украинска страна - истакна тој, додавајќи дека работата за регулирање на украинскиот конфликт ќе продолжи.

Портпаролот на Кремљ истакна дека Русија и Украина се согласиле да разменат листи со услови за прекин на огнот и дека работата е во тек.

- Да, треба да се подготват листи. Што точно ќе се најде во нив - не можам да кажам. Преговорите се водат во затворен формат - откри тој.

Покрај тоа, тој нагласи дека Кремљ ќе ја информира јавноста доколку Путин и американскиот претседател Доналд Трамп сметаат дека е целисходно да одржат телефонски разговор.

Тој додаде дека преговорите меѓу Русија и Украина се во тек и дека тие треба да се водат зад затворени врати, и дека засега се разговара за постигнување на тие договори, пренесуваат руските медиуми.

Песков истакна дека делегацијата предводена од помошникот на Путин, Владимир Медински, ќе продолжи да води преговори со Украина и дека од преговорите во Истанбул, кои се одржаа вчера, немало никакви контакти меѓу лидерите на Русија и САД.

Украинскиот министер за одбрана и шеф на украинската делегација, Рустем Умеров, по вчерашните разговори потврди дека руската и украинската делегација разговарале за можна средба на претседателите на двете земји, Володимир Зеленски и Владимир Путин, како и за договорено прекин на огнот и размена на илјада воени заробеници.

Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, вчера изјави дека руската и украинската делегација на разговорите во Истанбул „во принцип“ се согласиле повторно да се сретнат.

Слично

Поврзани вести