Кремљ ги демантира гласините за болеста на Путин
Кремљ денеска ги демантираше гласините за здравствената состојба на рускиот претседател Владимир Путин после инфорамциите во западните медиуми според кои првиот човек на Русија заболел од рак.
-Тоа се залудни обиди. Тие што ги шират ваквите гласини нека замолчат. Се е во ред“, рекол претставник од Кремљ Димитриј Пјесков.
Американскиот весник Њујорк Пост минатата недела објави информација за тоа дека на Путин му е дијагностицирана последната фаза на рак на панкреасот и дека го лекува некој германски лекар кој го запознал во времето додека бил агент на КГБ во Германија.
„Тоа објаснува зошто на Путин му се брза да ја освои Украина“, пишува американскиот весник.
Гласините за здравствените проблеми на Путин се појавија и во 2012 година, кога во повеќе наврати подолго време престојувал во странство. Руските медиуми тогаш пишуваа дека на рускиот претседател тогаш му се влошила состојбата со кичмата, но Кремљ и тогаш остро ги негирал информациите.
