Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кремљ демантира: Разговорот Путин - Трамп чиста фикција

Кремљ демантира: Разговорот Путин - Трамп чиста фикција

Кремљ денеска ги демантираше информациите објавени синоќа од „Вашингтон пост“, според кои рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп разговарале за Украина минатата недела.

„Не, тоа се лажни информации. Чиста фикција“, рече портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.

„Вашингтон пост“ се повика на повеќе извори. Весникот наведува дека Трамп разговарал со Путин во четвртокот, што бил нивен прв телефонски разговор по победата на Трамп на изборите, а една од темите на разговорот била војната во Украина. 

Според изворите, Трамп му се јавил на Путин од неговото одморалиште на Флорида и за време на разговорот го повикал да не ескалира конфликтот со Украина.

-Разговорот беше насочен кон постигнување мир во Европа, а Трамп изрази интерес за дополнителни разговори за брзо решение на војната во Украина, велат изворите на весникот.


Слично

Поврзани вести