Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кремљ: Сите теории за несреќата на авионот се шпекулации до оваа фаза

Кремљ: Сите теории за несреќата на авионот се шпекулации до оваа фаза

Теориите за причината за несреќата на рускиот авион во Синај, во кој загинаа 224 лица, се „шпекулации“ во оваа фаза. Тоа го изјавиле високи преставници од Кремљ.

„Било какви верзии за тоа што се случило ... можат да бидат понудени само од истрагата“, истакнал Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

Зборовите на Песков се реакција на претпоставките, дојдени од извори од американското и британското разузнавање дека авионот може да бил урнат од бомба .

Екстремистите во Египет, поврзани со „Исламска држава“, претходно објавија дека се симнале  и ќе објават кога сакаат.

Во четвртокот Британија ги откажа летовите кон и од египетското летувалиште Шарм ел Шеик. Потсетуваме дека урнатиот руски авион летал од Шарм ел Шеик за Санкт Петербург.

Египетскиот претседател Абдул Фатах ал Сиси, кој е во посета на Велика Британија, изјавил за „ББС“, дека египетските власти не сакаат да се впуштаат во претпоставки. „Сите ние ги делиме заедничките проблеми. Сакаме да ги знаеме причините кои стојат зад трагедијата“, посочил Сиси и уверил дека истрагата ќе биде транспарентна, и дека немале што да кријат.

Претходно Сиси ги отфрли тврдењата на „Исламска држава“ како пропаганда.

Во меѓувреме египетскиот министер за древните споменици на културата ги отфрли тврдењата на извори од американското и британското разузнавање дека „Airbus“ A321 може да бил урнат од бомба.

Мамдух Елдамати изјавил дека катастрофата во Синај не била предизвикана од терористички акт, туку дека едноставно станува збор за инцидент.

Слично

Поврзани вести