Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кремљ: Путин не очекува бебе од гимнастичарката Алина Кабаева!

Кремљ: Путин не очекува бебе од гимнастичарката Алина Кабаева!
Кремљ има намера да објави конкурс за најголема новинарска лага по повод написите во западните медиуми дека Владимир Путин ќе има дете од гимнастичарка Алина Кабаева. Тоа го изјавил прес секретарот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, пренесуваат агенциите, во одговор на барање од списанието „Форбс“ за коментар. „Информациите за раѓање на дете на Владимир Путин не одговара на реалноста“, изјавил тој.„Планирам да се свртам кон луѓе кои имаат пари, со барање да организираат конкурс за најголемата новинарска лага“, додаде Песков. Агенциите потсетуваат дека од распаднатиот брак Путин има две веќе возрасни ќерки - Марија и Катерина. Италијанска „Република“ денеска објави дека рускиот претседател, кој една недела не се појавил во јавноста, не е болен, како што се шпекулира,туку е во Лугано, Швајцарија. Причината според тој медиум е дека 32-годишната Кабаева била сместена во клиника за да роди дете и Путин всушност е со неа, тврди весникот, повикувајќи се на швајцарски медиуми - Радио Ер Ес И и весник „Блик“.
Слично

Поврзани вести