„КРЕМЕЉ Е НА ЧЕКОР ДА ЈА ИЗГУБИ ВОЈНАТА“ Украинската армија е незапирлива
Официјални
претставници во двете самопрогласени сепаратистички „републики“ во Источна
Украина, како и во областа Херонсон, закажаа референдуми за спојувањето кон
Русија. Ова се, како што оценуваат аналитичарите, очигледните знаци на паника
на Кремељ дека војната во Украина би можела да биде целосна пропаст.
Повиците на властите во Херсон и Луганска Народна Република следеа откако украинските сили постигнаа бројни успеси во бојното поле во изминатите неколку дена, откако веќе ги потиснаа руските трупи од поголемата северо-источна област на Харков.
Пристап на новинарите на линијата на фронтот е ограничен. Како и да е, има извештаи дека украинските трупи влегле во градот Лисианск, а има и борби во Славјан во регионот на Доњецк - што значи дека Русија е во непосредна опасност да ја изгуби територијата што засегаја контролира во источниот дел на земјата.
ЛНР, ДНР и Херсон закажаа референдуми од 23 до 27 септември.
- Време е да се избрише непостоечката граница помеѓу нашите земји, која одамна е избришана во нашите срца и да се спроведе референдум за прашањето за влез на ДНР и ЛНР во Русија - рече претседателот на јавниот совет во Доњецк Александар Кофман.
Руските власти претходно разговараа за организацијата на референдумот на украинските територии што ги окупираа за време на војната, но многу од овие планови сега се неизвесни заради неодамнешните воени добивки на Киев.
Извор: Блиц.рс