Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Крекери“ ја хакирале ЦИА и шпиунските служби на САД

„Крекери“ ја хакирале ЦИА и шпиунските служби на САД
Двајца американци се осомничени дека ја хакнале мејл адресата на директорот на ЦИА и неговата лична комуникација, а извршиле сајбер напади и врз повеќе американски функционери на високо ниво. Станува збор за Ендрју Ото Богс и Џастин Греј Ливерман, кои биле дел од поголема хакерска група наречена Crackas with Attitude чии членови исто така се под истрага и можно е да се најдат пред обвинител. Тие ги украле, а подоцна и ги објавиле деталите за 29 илјади оперативци и други вработени во Федералното биро за истрага (ФБИ) и на Агенцијата за национална безбедност. Според првичните информации останатите се државјани на Велика Британија каде исто така е покрената истрага. Претходно годинава беа приведени двајца тинејџери кои се пофалија дека ја пробиле АOL корисничката сметка на Џон Бренан, директорот на ЦИА.
Слично

Поврзани вести