Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кражба на биткоини – нов „бизнис“

Кражба на биткоини – нов „бизнис“
Виртуелната валута биткоин, иако претставена како сигурна и заштитена, всушност не е заштитена од измами и криминал. Имено, веќе се ограбени милиони во повеќе од 10 кражби во банките Биткоин, јавува Business Insider. Кога секоја недела, непознати криминалци би шетале по вашиот комшилук и би влегле во банка да крадат, нема сомневање дека таквите дела ќе го предизвикаат вниманието на медиумите, меѓутоа, кога станува збор за виртуелна валута, тогаш тоа се уште не е жешка вест. Без оглед на тоа, иако официјално се тврди дека биткоинот е потполно сигурен, до сега се забележани многу кражби на оваа виртуелна монета, само што за тоа многу не се пишува. На пример, во Кина, неодамна од интернет исчезна кинеската франшиза за биткоин, а со неа и сметките на четири милиони, додека во Австралија е познат случајот со берзата на биткоин која заврши со крах и губиток на околу милион долари. Во Чешка, пак, на порталите за размена на биткоин, се ѓалеле на хакерски упади, а подоцна и порталот Битфлор објавил дека му се хакнати биткоини во вредност од 250.000 долари.
Слично

Поврзани вести