КРАЖБА ТЕШКА ДУРИ 1,4 МИЛИОНИ ЕВРА! Влегле преку прозор и го испразниле магацинот со електронска опрема!
Минатиот викенд крадци упаднале во магацин на логистичка компанија во Дуизбург и од него украле неверојатна количина на електронска опрема, јавува германската новинска агенција (dpa).
Градската полиција соопшти дека меѓу другото во магацинот недостасуваат 2.000 ЛЕД телевизори и 16.000 електрични четки за заби. Крадците однеле и сеф тежок повеќе од 100 килограми.
Сè на сè, штетата е проценета на 1,4 милиони евра, пренесува Fenix Magazine.
Полицијата ги истражува индициите и ги прегледува снимките од надзорните камери и ги повикува потенцијалните сведоци да излезат. Имено, тие веруваат дека крадците се повлекле со неколку камиони роба.
Фото: Принтскрин/Твитер
Слично
