Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кратко објаснување зошто бегалците не одат во арапските земји, туку бараат влез во Европа

Кратко објаснување зошто бегалците не одат во арапските земји, туку бараат влез во Европа

Бегалската криза што се случи како последица од војната во Сирија зема се поголеми размери. Во моментов, само на македонско-грчката граница стотина бегалци го имаат блокирано преминот Евзони и бараат влез во државата.

Со истиот предизвик се соочуваат и сите земји во Европа, кои се чини немаат конкретна идеја за надминување на кризата.

Често се поставува и прашањето, зошто бегалците и мигрантите минуваат илјадници километри, ризикувајќи го животот да стигнат во Европа, наместо да мигрираат кон некои од арапските земји?

Објаснувањето не е едноставно, но вака би звучело во кратки црти:  

MACEDONIA-GREECE-EUROPE-MIGRANTS

 Иако земјите се географски блиски и со исто религиозно мнозинство претпоставката на прашањето е дека постои универзално муслиманско единство. Таа претпоставка многу лесно се руши со самиот факт дека бегалците бегаат од војна во која на двете страни се наоѓаат муслимани. На Блискиот Исток постојат многу поделби на муслиманите на различни религиски учења што за некои може да биде опасно па дури и смртоносно ако се припадници на малцинска заедница. Па затоа бираат да заминат во земји во кои би били ослободени од овој проблем.
images

Сепак мора да се напомене дека не е точнo тврдењето дека бегалците на заминуваат во земјите на Блискиот Исток. Така според податоците Либан досега има примено милион и сто петнаесет илјади, Јордан околу 650.000, во Ирак има 250.000, Египет 130.000 и земјите од северна Африка околу 25.000. Тоа се скоро четири милиони и двеста илјади бегалци кои се наоѓаат на земјите од Блискиот Исток и северна Африка. Мора да се напомене дека ова се официјалните регистрирани бегалци.

Богатите земји како што се Катар и Саудиска Арабија имаат строги, скоро невозможни барања за азил и државјанство. Истите стандарди важат за бегалците како и за хонорарните работници кои доаѓаат од целиот свет, а не можат да се надеваат дека некогаш ќе станат граѓани на тие држави. Во основа овие држави го штитат своето богатство со таквите закони. Дополнителен проблем е и тоа што скоро сите држави од регионот ставија забрана за влегување на сиријци на нивната територија уште во 2011-та.

Слично

Поврзани вести