Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кратко и јасно – еве како пишуваат имејл успешните луѓе!

Кратко и јасно – еве како пишуваат имејл успешните луѓе!
Една од карактеристиките на успешните луѓе и лидери во големите компании е таа што често пишуваат исклучително кратки електронски пораки од само неколку реченици или дури еден знак. Како најдобра пример на лидери кои знаеле да пишуваат кратко и јасно, „Хафингтон пост“ ги издвојува Стив Џобс и Џеф Безос. Имејл адресата на основачот на Епл била јавна и тој знаел да одговара на прашањата од корисниците, а неговите одговори најчесто се состоеле од една или неколку реченици. Јавна адреса за електронска пошта има и шефот на Амазон Безос, кој е познат по тоа што кога од незадоволни корисници ќе добие имејл за одреден проблем, пораката им ја препраќа на соодветните лица во Амазон со еден единствен знак - прашалник. “Кога вработените во Амазон ќе добијат имејл со прашалник од Безос, тие на него реагираат како да добиле бомба која ќе експлодира“, открива Бред Стоун во биографијата на Безос. За вработените е јасно дека прашалникот претставува незадоволство кај „главниот“ и често кај нив се јавува вистинска паника. Познавачите велат дека кратките електронски пораки покажуваат дека се почитува времето на другиот. Освен тоа, денес повеќето луѓе не ги читаат пораките на големи компјутерски екрани, туку на помалите екрани на телефонот или таблетот, па кратките пораки се попрегледни. Експертите советуваат дека имејл пораките треба да се пишуваат како СМС порака и да се ограничат на максимални пет реченици во кои треба да се напишат сите најважни информации.
Слично

Поврзани вести