Кратењата во буџетите за одбрана го налутија Расмусен
Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изрази денеска критика поради нерамномерните вложувања во областа на одбраната меѓу различните земји од Алијансата, како и поради кратењата на воените буџети. Тој при претставувањето на годишниот извештај за состојбата на организацијата нагласи дека НАТО останува најмоќниот воен сојуз во светот.
Расмусен изјави дека засега европските земји од организацијата не се во состојба да ја укажат истата помош, каква што пружаат САД.
- Нашиот напредок зависи од нашата безбедност, истакна Расмусен и се осврна на земјите во развој и нивните воени трошоци, прогнозираји дека нивните буџети за одбраната ќе продолжат да растат.
- Опасносните не се мерат со тоа дали сме успеале целосно да ги обновиме нашите економии, точно е дека безбедноста има своја цена, но цената на небезбедноста е неприфатлива, рече Расмусен.
Според Расмусен се појасно станува дека во иднина одбранбените способности на Алијансата ќе развиваат врз основа на меѓусебната соработка.
- Современото вооружувањето е скапо и стекнувањето со него бара многу напори. Тоа ги засега областите на авијацијата и разузнавањето, треба да трошиме поинтелегентно, нагласи генералниот секретар на НАТО.
Тој ја поздрави француската Влада за нејзината интервенција во Мали.- крајно време беше да се спречи настапувањето на терористичките групи, како и да почне имплементирањето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за распоредување на војници под африканска команда, додаде тој.
Расмусен, одговарајќи на прашање истакна дека не ја гледа улогата на НАТО во Мали и регионот. Според него кампањата во Мали покажала дека европските земји од НАТО имаат потреба од американска поддршка и иако Алијансата не учествува директно во операцијата, таа е успешна, бидејќи партнерите се познаваат и техниките им се заеднички.
Тој во оваа година очекува напредок по прашањето за противракетната одбрана во разговорите со Русија.
Во врска со иднината на КФОР генералниот секретар на НАТО прецизираше дека засега контингентот ќе ја задржи бројката од пет илјади војници.
- Иако имаме планови за намалување на таа бројка, поради ситуацијата на теренот засега ги откажавме плановите за ограничувањето на бројноста и ќе останеме се додека не се обезбеди слободно движење на сите луѓе во Косово, изјави Расмусен.
