Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кралската банка на Шкотска казнета со 612 милиони долари

Кралската банка на Шкотска казнета со 612 милиони долари
Една од најголемите банки во Велика Британија, Кралската банка на Шкотска (ПБС), ќе плати казна во износ од 612 милиони долари поради местење на основната каматна стапка, ЛИБОР, како и поради финансиски измами во Јапонија. Како што пренесуваат шкотските медиуми, првите луѓе на Кралската банка на Шкотска признаваат дека постоеле сериозни недостатоци во внатрешната контрола, како и дека со причина е доведен под знак прашање интегритетот на помал број вработени во банката. „Ова е тажен, но и значаен ден за нашата банка, бидејќи продолжуваме да ги исправуваме грешките од минатото“, изјави претседателот на управниот одбор на банката Филип Хемптон. Истрагата покажа дека од 2006 до 2010 година, а можеби и порано, над десет вработени во филијали на Кралската банка на Шкотска во Лондон, Сингапур и Токио манипулирале со каматата за меѓубанкарски понуди на лондонската берза ЛИБОР, која влијае на цената на илјадници милијарди долари кредити низ целиот свет
Слично

Поврзани вести