Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Кралот на чоколадите“ – посакуваниот премиер за опозиционерите во Украина

„Кралот на чоколадите“ – посакуваниот премиер за опозиционерите во Украина
„Спој меѓу Вили Вонка и Че Гевара“ - вака познавачите го опишуваат украинскиот „чоколаден“ милијардер, кој се верува дека за сите страни ќе биде прифатливо решение за нов премиер на земјата. Петро Порошенко, пратеник и поранешен министер во украинската Влада, познат е уште како „крал на чоколадите“ заради неговата кондиторска империја. Тој ужива голем углед меѓу демонстрантите на Плоштадот на независноста во Киев, но исто така се смета за човек со кој претседателот Виктор Јанукович може да работи. Познат како отворен поддржувач на евроинтеграцијата на Украина, Порошенко изминатите недели секојдневно им делел чоколади на демонстрантите на улиците во Киев, објавува британски „Телеграф“. Сепак, тој има искуство во работата со двата спротивставени украински табори - беше министер за надворешни работи на поранешниот претседател Виктор Јушченко и тогашниот премиер Јулија Тимошенко, а пред извесно време беше министер за трговија и економски развој во Владата блиска на Јанукович. Порошенко за сега јавно не се изјаснил дали би ја прифатил премиерската позиција. Сепак, меѓу демонстрантите на Плоштадот на независноста во Киев, името на Порошенко се споменува најчесто како кандидат кого би го поддржале сите тројца официјални лидери на украинската опозиција. Ако не од други причини, тогаш затоа што неговото богатство проценето на 1,6 милијарди американски долари е некаква гаранција дека тој нема да се обидува да се збогати преку корупција, додава британскиот весник.

Украинскиот претседател Јанукович денеска ја прифати оставката на премиерот Микола Азаров, а за врштел на должноста премиер го назначи досегашниот прв вицепремиер на Украина Сергеј Арбузов.

Слично

Поврзани вести