КРАЛОТ ЧАРЛС СПРЕМА СУРОВА КАЗНА ЗА ХАРИ И МЕГАН - дали овој пат последиците ќе ги сносат нивните две деца
Меган Маркл и принцот Хари би можеле да се соочат со големи последици доколку го налутат кралското семејство.
Кралскиот биограф Том Бауер тврди дека кралот Чарлс Трети размислува да им ги одземе титулите доколку документарниот филм што го направиле за Нетфликс се покаже дека е премногу штетен за монархијата. Тој може да ги прошири тие санкции на нивните деца, синот Арчи и ќерката Лилибет, иако покојната кралица Елизабета Втора одби да ги казни нејзините правнуци за постапките на нивните родители.
Бауер верува дека Меган нема да отстапи од нападот на кралското семејство доколку на парот им се одземат титулите како војвотка и војвода од Сасекс. Тој истакна дека сопружниците секогаш ќе се сметаат за мети.
„Чарлс упатуваше различни закани до Меган и Хари и ги предупреди дека ако продолжат, ќе бидат исфрлени на начини на кој не можат да замислат. И затоа се загрижени. Прво, мислам дека нивните деца нема да добијат титули ако почнат да го клеветат кралското семејство“, објасни биографот.
Меган всушност е најмногу загрижена да и биде одземена титулата бидејќи има навика на сите да им се претставува како војвотката од Сасекс. На делот од јавноста што го поддржува кралското семејство не му е јасно зошто сопружниците не беа казнети со одземање на титулите по се што кажаа, особено по скандалозното интервју со Опра Винфри, во кое ги обвинија членовите на кралското семејство за злоупотреба и расизам.
Инаку, како што пишуваа странските медиуми во последните недели, Меган и Хари сакале драстично да ја сменат содржината на документарецот за Нетфликс, поради што се судриле со продуцентите. Парот се решил на тоа бидејќи се плаши од реакциите на кралот Чарлс.
Сепак, на 10 јануари следната година ќе бидат објавени мемоарите на принцот со наслов „Spare“, кој веќе стана бестселер поради бројните нарачки однапред. Додека книгата не ја здогледа светлината на денот, се шпекулира за нејзината содржина, а странските медиуми пишуваат дека Хари малку ја променил по смртта на неговата баба, кралицата Елизабета Втора. Сепак, пријател на неговата сопруга Меган Маркл, Омид Скоби, тврди дека принцот ништо не сменил поради загубата на баба му.
Во својата колумна за Јаху, Скоби истакна дека самиот Хари го избрал привлечниот наслов на мемоарите на самиот почеток на неговото создавање. Името на книгата е избрано затоа што Хари отсекогаш се нарекувал принц во споредба со неговиот постар брат, принцот Вилијам, кој отсекогаш бил познат како наследник затоа што еден ден ќе стане крал.
Тој, исто така, објасни како немало „промени или уредувања во последен момент“ по смртта на кралицата, при што војводата го комплетирал ракописот на книгата речиси пет месеци пред смртта на Елизабета.
Сепак, во посветата на почетокот на мемоарите ќе и оддаде почит на својата покојна баба и не се откажува од објавувањето, иако ризикува „силен одговор од семејството“. Кралското семејство е цврсто за ова прашање, но откриено е дека ангажирале адвокати. Исто така, вработените во палатата рекоа дека се плашат дека книгата може да предизвика „неотповиклива штета на угледот и односите“.
Како што откри Скоби, принцот ги завршил мемоарите во април оваа година, месецот кога тој и Меган беа во Велика Британија за да ја видат кралицата додека присуствуваа на спортскиот настан Invictus Games во Холандија.
