КРАЛОТ ЧАРЛС ПРИСТИГНА СО ЗЛАТНА КОЧИЈА, А ХАРИ СЕДИ ВО ТРЕТИОТ РЕД: „Омилениот внук“ Елизабета Втора официјално доби нов силен шамар
Крунисувањето на
кралот Чарлс Трети започна, а светските медиуми до најситен детал го следат
овој настан секунда по секунда. Кралското семејство пристигна во Вестминстерската
опатија, а со нив и Хари во друштво на роднините. Принцот ќе ја следи
церемонијата од третиот ред, заедно со „сексуалниот престапник“ принцот Ендру -
директен показател дека „омилениот внук“ на покојната кралица Елизабета Втора
доби уште еден „болен шамар“ од неговото семејство што може целосно да ја
уништи секоја надеж дека тој ќе дојде до нивното помирување.
И покрај тоа што станува збор крунисување на неговиот татко, принцот не беше ни блиску до кралот, и тоа во буквална смисла.

На некој начин, овој распоред на седење можеби му одговара - тој ќе може да ја напушти церемонијата релативно незабележано и брзо кога ќе посака. Се предвидува дека ќе остане во Британија само 24 часа.
Сепак, тоа значи и дека нема шанси за помирување и дека Хари можеби нема ни време да разговара со својот татко или брат за време на неговиот престој во Лондон.
Покрај тоа, со него не доаѓа и неговата сопруга Меган, која според многумина е главната причина за раздорот во семејството. Како што изјавила двојката, таа ќе остане дома во Лос Анџелес за да се грижи за децата - Лилибет и Арчи.
