Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРАЛОТ ЧАРЛС МОРА ДА СЕ ПОКОРИ НА МНОГУ БИЗАРНА ТРАДИЦИЈА НА КРУНИСУВАЊЕТО: Ова е првото нешто што го чека

КРАЛОТ ЧАРЛС МОРА ДА СЕ ПОКОРИ НА МНОГУ БИЗАРНА ТРАДИЦИЈА НА КРУНИСУВАЊЕТО: Ова е првото нешто што го чека

Велика Британија е на само неколку часа од историскиот настан, крунисувањето на кралот Чарлс во Лондон, при што ќе се одржи свечена церемонија која ќе опфати низа протоколи, а еден од побизарните е оној чии детали беа откриени од кралскиот биограф Хуго Викторс.

Кралот ќе биде помазан со свето масло и ќе добие прстен и жезол пред да биде благословен за време на церемонијата. Тогаш тој ќе се заколне дека ќе ја одржува и зачувува неприкосновено Англиската црква и доктрината, богослужбата, дисциплината и владата, според законот утврден во Англија. Секој од овие елементи на церемонијата ќе има свое значење, колку и да е древен.

И една од понеобичните и побизарните традиции ќе вклучува набљудувачи да проверуваат за да се уверат дека никој не го имитира Чарлс додека тој влегува во опатијата.

"Кралот ќе пристигне во 10.53 часот наутро - тоа ќе биде седумминутна поворка, не толку долга како поворката што беше на кралицата Елизабета внатре во Опатијата. Првото нешто што ќе се случи е препознавањето, за сите да бидат сигурни дека вистинскиот човек стои пред нив. Обичајот очигледно датира одамна, во минатото, но денес знаеме дека го имаме вистинскиот и тоа е прилично шармантно“, објасни Хуго за The Mirror.

На крунисувањето на покојната кралица Елизабета во 1953 година, на церемонијата во Вестминстерската опатија се собраа околу осум илјади луѓе, додека кај Чарлс се очекува да има две илјади. И бидејќи крунисувањето ќе биде еден од најголемите кралски настани во последните 70 години, се очекува речиси сите членови на кралското семејство да бидат таму за да бидат сведоци.

ФОТО: EPA-EFE/Tolga Akmen

Слично

Поврзани вести