Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРАЛОТ ЧАРЛС Е ПОВТОРНО ВО ЛОНДОН, ЌЕ ПРИМА НОВА ДОЗА ТЕРАПИЈА: Слета во Кларендон Хаус со кралскиот хеликоптер

КРАЛОТ ЧАРЛС Е ПОВТОРНО ВО ЛОНДОН, ЌЕ ПРИМА НОВА ДОЗА ТЕРАПИЈА: Слета во Кларендон Хаус со кралскиот хеликоптер

Британскиот крал Чарлс Трети, денеска беше забележан од медиумите како се враќа во Лондон  на понатамошно лекување од рак по неговото прво појавување во јавноста во Сандрингам во неделата.

75-годишниот монарх слета во Кларендон Хаус со кралски хеликоптер откако помина една недела во Норфолк по објавата дека му бил дијагностициран рак.

Кралот Чарлс, кој беше подложен на првиот третман за рак минатата недела, бил „многу трогнат“ од сите пораки за поддршка што ги добил од јавноста.

Минатата недела тој ја изрази својата „срдечна благодарност“ до британската јавност за „многуте пораки за поддршка и добри желби“, речиси една недела откако беше објавено дека се лекува од канцер.

Веста дека на Чарлс Трети му е дијагностициран рак ја објави Бакингемската палата минатиот понеделник, за време на неговиот престој во болница поради рутинска операција за зголемена простата. Деталите за неговата болест не се откриени, а поради тоа тој ги откажал сите свои јавни ангажмани.

ФОТО: EPA-EFE/ANDY RAIN

Слично

Поврзани вести