Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кралицата Елизабета: Дајте ми три причини зошто да останеме во ЕУ?

Кралицата Елизабета: Дајте ми три причини зошто да останеме во ЕУ?

Поддршката за Брегзит сега е поголема во споредба со минатиот месец и останува уште еден ден до гласањето.

Кралицата Елизабета Втора ги праша своите гости за време на вечера да кажат три добри причини зошто Велика Британија треба да е дел од Европа. Елизабета Втора и кралското семејство никогаш не ги кажуваат своите позиции за прашања поврзани со избори во земјата. Иако Уставот на Велика Британија не забранува гласање на кралското семејство, тоа се смета за неуставно.

До историскиот референдум останува само уште еден ден. Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави за „Фајненшл тајмс",  дека резултатот од утрешниот референдум за членството на Велика Британија во Европската унија не може да се предвиди. Во интервју за весникот сепак, тој посочи дека ако избирачите гласаат за останување во ЕУ, инвестициите во Велика Британија ќе се зголемат.

„Позициите се израмнети, никој не знае што ќе се случи"- рече премиерот.

Тој ги повика британските гласачи и особено постарите да размислат за влијанието на евентуалното излегување од Европската унија за земјата и идните генерации.

Слично

Поврзани вести