Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кралицата ниту „за“ ниту „против“ независност на Шкотска

Кралицата ниту „за“ ниту „против“ независност на Шкотска
Британската кралица Елизабета нема да учествува во кампањите ниту „за“ ниту „против“ независноста и отцепувањето на Шкотска, соопштија официјални претставници на Бакингемската палата. „Монархот е над политиката. Секоја напомена дека кралицата би можела да учествува во некаква кампања е целосно погрешна. Референдумот е прашање на жителите на Шкотска“, се наведува во соопштението. Референдумот за шкотската независност ќе се одржи на 18 септември. Шкотскиот премиер Алекс Салмонд неодамна изјави дека британската кралица со задоволство ќе прифати да владее со независна Шкотска. Тој истакна дека би сакал самостојна Шкотска да остане под монархијата, како што тоа било во минатото. Познато е дека Салмонд често одржува состаноци со британската кралица, но од Бакингемската палата наведуваат дека кралицата со него никогаш не разговарала за независноста на Шкотска.
Слично

Поврзани вести