Кралицата Елизабета Втора ќе добие зголемување на платата!
Британската кралица Елизабета Втора во 2014 година ќе добие пет отсто зголемиување на платата.
Гардијан објаснува дека минатата година профитот од кралскиот имот бил поголем за 5,2%, што значи дека во 2014-та Кралицата ќе добие плата од 58 милиони долари, односно 4 милиони повеќе отколку платата за 2013.
Нејзиниот имот во моментов е проценет на 8,1 билион фунти.
Одреден дел од профитот е даден како допринос за владините финансии.
„Иако се среќаваме со предизвици на маркетот, добро се снаоѓаме како бизнис со јасна визија со стратегија за инвестирање и прекрасни партнери,“ - изјавува Алисон Нимо, извршен директор на Crown Estate.
Слично
