Кралицата Елизабета вработува, ама за ваква работа веројатно не сте слушнале!
Британската кралица Елизабета бара официјален кралски „одлепувач на мастики за џвакање“. Според огласот за оваа уникатна работна понуда, кандидатот може да биде маж или жена, а ќе биде задолжен да ги одлепува мастиките што невнимателните посетители ги оставаат во шкотската резиденција на кралицата.
Работиот ангажман е со половина работно време, 20 часа неделно, а за тоа е предвидена плата од 15.912 фунти годишно (над 20 илјади евра). Меѓутоа, вработениот ќе има и неколку други обврски - чистење на становите и тоалетите, како и скалите (еднаш неделно), полирање на вазните, среброто и мебелот, поправање на креветите и покривање на мебелот со заштитни навлаки во периодите кога замокот е затворен
Шкотската резиденција на британската кралица е меѓу најважните туристички атракции во Шкотска и годишно ја посетуваат над 250.000 луѓе.
Од заинтересираните кандидати се бара да бидат физички способни да ги изведуваат наведените работни обврски и да имаат флексибилност во работното време во деновите кога кралицата или претставници на кралското семејство присуствуваат во палатата.
Британското кралско семејство тешко можело да поверува дека некој се осмелува да џвака мастика за време на посетата на палатата, а уште помалку дека ќе се обиде да ја залепи на паркетот или на изложените вредни предмети. Но, посетителите во ова ги увериле!
Слично
