Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА СЕПАК НЕ ПОЧИНАЛА ОД СТАРОСТ: Боледувала од неизлечива болест

КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА СЕПАК НЕ ПОЧИНАЛА ОД СТАРОСТ: Боледувала од неизлечива болест

Гајлс Брендрет, семеен пријател на монархот и покојниот војвода од Единбург, принцот Филип, поминал години пишувајќи ја книгата „Елизабет: Интимен портрет“.

-Кралицата Елизабета имала рак на коскената срцевина, пишува во кралска биографија од Гајлс Брендрет. Авторот на биографијата понатаму наведува дека токму болеста е „одговорна“ за „заморот и слабеењето на кралицата и проблеми со подвижноста“, пишува News.STV.TV.

Иако во официјалниот извештај објавен од страна на Националната евиденција на Шкотска е наведено дека причината за нејзината смрт била „староста“, во новата биографија за кралицата, „Елизабета: Интимен портрет“, е објавено дека во последните години од нејзиниот живот таа има еден облик на миелом, односно рак на коскената срцевина.

Книгата, на која Брандрет работи долги години, го опфаќа животот на кралицата пред нејзиното наследување на престолот, како и нејзиното време како монарх со најдолг стаж во британската историја.

Само неколку дена пред нејзината смрт, на 2 септември, Бакингемската палата објави дека кралицата нема да присуствува на игрите на Хајленд на собирот Браемар бидејќи имала „проблеми со мобилноста“.

Најчест симптом на миелом е болката во коските, особено во карлицата и долниот дел на грбот, а мултиплекс миелом е болест која често ги погодува постарите лица.

Во моментов, не постои познат лек, но третманот - вклучувајќи лекови кои помагаат во регулирањето на имунолошкиот систем и лекови кои помагаат да се спречи слабеењето на коските - може да ја намали сериозноста на симптомите и да го продолжи преживувањето на пациентот за месеци или две до три години

Книгата на Брендрет се смета дека нуди „уникатна“ перспектива која доаѓа од некој што го познавал починатиот монарх, нејзиниот сопруг, принцот Филип и поширокото кралско семејство.


Слично

Поврзани вести