Кралицата е во криза – како да го зачува својот имот?
Советниците на кралицата Елизабета II не успеваат да ги одржат недвижностите на британското кралско семејство во беспрекорна состојба, иако трошат многу пари за тоа, алармираа пратеници од англискиот парламент, пренесува Metro.co.uk. Меѓу конструктивните предлози за зголемување на приходите на кралицата, е и идејата Бакингемската палата да е отворена почесто за посетители во текот на годината.
Иако на шега сепак, англиското издание објави осум алтернативни начини за обезбедување на потребните финансии. Еве ги нив:
Продажба на дворци
Во моментов британското кралско семејство поседува шест населени палатата, меѓу кои Бакингемската и замокот Виндзор. Неискористени се пет и ги вклучуваат Лондонската кула и Хемптон корт. Приватна сопственост на кралицата пак се замокот Балморал и дврецот Сандрингам.
Витези за продажба
Во интерес на транспарентноста, како и на добивката, Бакингемската палата треба да ја пушти на аукција традиционалната листа со титули кои ги доделува секоја нова година. Кој даде најмногу пари, тој добива титула. Според некои оваа идеја не се разликува многу од реалноста.
Крал за еден ден
Ако повеќе луѓе имаа можност да доживеат привилегија да се однесуваат кон нив како кон високо семејство, веројатно сè повеќе луѓе би биле подготвени да се одвојат со одредена сума пари. Таа сума може да оди за малтерот на некој од имотот на кралицата, на пример.
Слики на бебето
Треба да се дејствува со замав. Како тоа го прават холивудските парови кои ги продаваат правата за објавување на фотографиите на новото бебе. Можат да се извадат милиони, додека принцот Џорџ сеуште е мал и има потенцијал. Се разбира, трансакцијата ќе е ексклузивна и склучена со само едно издание, за да се задржи кралскиот сјај, а и да се лутат другите медиуми.
Филмови
Појавата на кралицата Елизабета II до Даниел Крег на отворањето на Олимпијадата во Лондон во 2012 година стана хит момент. Што би се случило ако тоа не беше исклучок, туку традиција. Многу продуценти би убиле некого, за да сликаат член на кралското семејство во последниот филм. Природно сето тоа за солиден хонорар.
Ловци на духови
Лондонската кула изгледа морничава секако. Зошто да не се организираат платени прошетки внатре, за време на кои оние кои сакаат да имаат можност да бараат духови?
Предмети
Под услов да има кралскиот печат врз себе, сè станува одеднаш многу скапо. Дури стари алишта, чевли, тегли со мармалад или бисквити.
K.K
Слично
