„Кракен“ стигна на Балканот, еве што треба да знаете за овој сој
Како што пишуваат српските медиуми, најопасниот сој на коронавирусот „кракен“ веќе е откриен во Романија.
Заразени се две лица, плус едно дете. Се смета дека ова е најзаразниот сој кој досега е откриен. Детето и мајката кои се заразени засега имаат благи симптоми. Сепак, нема место за опуштање затоа што се смета дека овој сој е отпорен на вакцините. „Кракен“ ги избегнува и антителата во организмот. Се смета дека овој сој има шанси и натаму да мутира. Раните симптоми се како кај омикрон, односно кивање, малаксаност, главоболка, болка во коските и слично. Во суштина, тоа е како првите два дена кога ќе имаме настинка. За неколку недели го има во 29 држави, односно брзо се шири. Го има во Британија, САД, Јужна Африка, Нов Зеланд, Австралија, Данска, Франција, Германија, Шпанија, Кина, Пакистан, Индонезија, Холандија, Ирска, Сингапур и Индија. Оваа мутација според Светската здравствена организација (СЗО), настанала во ноември и декември лани во Њујорк.
